ПРОДАВАЧ/ КАСИЕР (м/ж) - НОЌНА ДОСТАВА/СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕInditex
Успехот на продавницата започнува со луѓето кои ја создаваат нејзината приказна.
Бараме одговорни и вредни луѓе кои ќе се приклучат на нашиот тим и ќе придонесуваат за непречено функционирање на продавницата. Работата вклучува активности во продажниот простор и магацинот, како и учество во приемот и подготовката на ноќната достава.
Распоредот опфаќа 2 ноќни смени и 2 дневни смени неделно, со 3 слободни дена. Ноќните смени се од 22:00 до 06:00 часот, а дневните смени се организираат според распоредот на продавницата.
- Ќе ги советуваш и услужуваш клиентите.
- Ќе учествуваш во приемот и обработката на доставата.
- Ќе ги уредуваш и изложуваш производите.
- Ќе се грижиш продажниот простор и магацинот да бидат уредни и функционални.
- Ќе соработуваш со тимот за продавницата да биде подготвена за клиентите.
- Одговорен и доверлив пристап кон работата.
- Љубезност и ориентираност кон клиентите.
- Тимски дух и добри комуникациски вештини.
- Организираност и подготвеност за динамична и физички активна работа.
- Флексибилност и подготвеност за дневни и ноќни смени.
- Распоред со 2 ноќни и 2 дневни смени неделно.
- 3 слободни дена неделно.
- Ноќни смени од 22:00 до 06:00 часот.
- Додаток од 35% за секој одработен час во ноќна смена.
- Обезбеден оброк за време на ноќната достава.
- Работа во интернационална и динамична средина.
- Можности за учење, професионален развој и напредување.