ПРОДАВАЧ/ КАСИЕР (м/ж) – СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ:Inditex
Имаш свои планови. Работата не треба да ти пречи. Работиш 4 дена. Останатите 3 се твои.
Сакаш да работиш, а сепак да имаш доволно време за она што ти е важно?
Бараме продавач/ка и касиер/ка со скратено работно време – 25 или 30 часа неделно.
Ќе работиш 4 дена неделно, претежно во попладневни смени, кога продавницата е најфреквентна.
Тоа значи дека секоја недела ќе имаш 3 слободни дена што можеш да ги посветиш на што сакаш – студии, друга работа, семејството, хобијата,
дружење или едноставно време за себе.
Што ќе работиш?
- Ќе ги советуваш и услужуваш купувачите.
- Ќе работиш на каса.
- Ќе ги уредуваш и изложуваш производите.
- Ќе се грижиш продажниот простор да биде уреден.
Бараме љубезна, одговорна и доверлива личност што сака да работи со луѓе и е подготвена да работи во попладневни смени.